Екс шефицата на албанската дипломатија, Арта Даде во телевизиско интервју рече дека за разлика од премиерот на Албанија, Еди Рама, премиерот Зоран Заев покажал дека е премиер одговорен пред својот народ.
Даде оценува дека албанскиот премиер Рама целосно потфрлил со неговата Влада, бидејќи ги следат скандали и оти тој веќе не може да ја води земјата.
„Премиерот Зоран Заев покажа одговорност пред својот народот. Заев седна со Ципрас да го реши проблемот со името. Велам дека Рама не успеа и не може повеќе да ја води оваа земја затоа што го следат скандал по скандал. Треба да се направи повеќе за изборните реформи, бидејќи изборите за ОДИХР исто така беа далеку од демократски. Треба да се разгледа и прашањето за промена на системот, бидејќи овој систем е деградиран“, рече Даде во интервјуто за телевизија „Њуз 24“.
Таа додаде дека Албанија не ги извршила своите задачи за влез во Европската унија и оти вината не треба да се префрлува врз францускиот претседател Емануел Макрон.
„Не верувам дека е време да покажуваме со прст кон Франција, всушност имаше и други политичари и земји што ја блокираа Албанија, како Холандија и Данска, но и други држави, кога се разговараше да и се даде шанса на Северна Македонија, а Албанија да повторува. Се согласувам дека ЕУ има свои проблеми, но и во претходните години имаше проблеми, но Србија отвори преговори. Дали борбата против корупцијата функционира или корупцијата дојде на сите нивоа? Да ве потсетам на големата афера за корупција, за која немаме одговорност, дека 1 километар пат чинеше 20 милиони евра. Постои пад на сите нивоа, има пад на бизнисот, на странски инвестиции, вели Даде.