Гордана Јанкулоска денеска, со трчање, успеа да ги спречи работниците на „Паркинзи Општина Центар“ ( „ПОЦ“) да не и го кренат возилото кое што го паркирала на недозволено место, на само пет метри од барокната катна гаража, лоцирана во непосредна близина на кривичниот суд, објави порталот pravosudstvo.mk.
Јанкулоска успеа да избегне да плати казна за непрописното паркирање, но затоа не успеа да го избегне бламот со трчањето по „пајакот“, а во што ја придружуваше нејзиниот партиски колега Миле Јанакиески.
Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески денеска заедно дојдоа во кривичниот суд, но нивното заминување беше многу поинтересно, се наведува во текстот.