Досегашните искуства покажуваат дека вакцинацијата е еден од начините со кои што се можеме да се справуваме со инфективните заразни заболување, посебно со оние кои што се многу заразни и имаат висока стапка на смртност, како што е случај со Ковид-19, вели доц. д-р Мери Киријас од Институтот за имунологија во интервју за МИА.
Според неа, во рок од шест месеци по имунизацијата против коронавирусот, може да бидеме сигурни дека постои заштита од Ковид-19, но може да се очекува тој временски период да биде и подолг.
Во земјава почна вакцинацијата на населението. Но, кај одреден процент од граѓаните постојат резерви кон вакцините или кон некои од нив. Колку се основани овие стравувања?
Мислам дека не се основани. Тоа е една проблематика, која не е само кај нас туку и во целиот свет има луѓе кои се резервирани во однос на вакцините, меѓутоа историски гледано, меѓутоа и сегашните бројки кажуваат дека вакцинацијата е еден од начините со кои што се справуваме со инфективните заразни заболување, посебно оние кои што се многу заразни и имаат висока стапка на смртност. Тоа е и сега случај со Ковид-19, каде што гледаме дека имаме земји каде што има помасовна вакцинација, има ефекти од истото.
Колкав временски период трае резистентноста на ковид-вирусот по имунизацијата и дали доколку пандемијата продолжи и следната година ќе биде потребен нов круг на вакцинација?
Да, за жал точен одговор на тоа прашање нема, затоа што е премногу кус временскиот период и од клиничките испитувања, но и од масовната апликација на одредени вакцини. Секако, во период што поминува, за период од некои шест месеци по вакцинацијата, сме сигурни дека се уште има заштита, меѓутоа, според проценките и знаењата од претходно, очекуваме дека тоа ќе биде и подолг временски период. Дали ќе има потреба од повторни ревакцини ние сите се надеваме дека нема да треба, меѓутоа не можеме со сигурност точно да го кажеме тоа, во моментот она што го гледаме се мутациите кај вирусот и не знаеме во која насока ќе се движат во наредниот период и дали вакцините ќе бидат доволно ефикасни. Во однос на тоа е всушност и прашањето што се наметнува за дали ќе бидат потребни ревакцини, дали ќе треба да бидат малку модификувани за да можат да одговараат на новите соеви или мутации на вирусот. Меѓутоа, тоа времето ќе покаже дали ќе има навистина потреба од тоа или не.
Целото интервју на слениов ЛИНК.