Згрозени сме од скандалозната одлука на обвинителството и кумановскиот суд за преквалификација на делото од „убиство” во „сериозен престап против безбедноста на луѓето и сообраќајната сопственост“. Ова е апсурдно и понижувачко ниво на резонирање и постапување на еден правосуден систем кој очигледно длабоко забраздил во крајно неприфатливи практики“, стои во соопштението на ЦИВИЛ.
„Кумановскиот суд вчера уште еднаш докажа дека правдата во Македонија е селективна и пристрасна. Срамното и скандалозно сценарио во случајот на малиот Алмир е уште една потврда за тоа.
Уште посрамно од одлуката на кумановскиот суд е однесувањето на обвинетиот Бобан Илиќ и неговиот брат во и надвор од судницата. Ваквото непочитување на судот, семејството на Алмир, но и на јавноста само уште повеќе ќе придонесе кон разочарување, револт и крајна недоверба во институциите на правдата и државата воопшто.
ЦИВИЛ најостро го осудува вчерашниот напад врз новинарот на ТВ 21 и заканите кон него. Прашањето „Дали сакаш одма да се вратам во затвор?“ не може да се разбере никако поинаку, освен како закана по живот на новинарот и истата мора најстрого да се осуди и санкционира.
Од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство бараме итна реакција и постапување по овие закани“, стои во соопштението на ЦИВИЛ.