Наместо поставувања советнички прашања и дебата за проблемите за интересите на граѓаните, во Советот на Град Скопје денеска јавноста сведочеше на нов циркуз.
Откако претседателот на Советот, Трајко Славески не дозволи никој да зборува од говорница, туку или од место или од микрофонот до него, бидејќи сè уште не му е вратено копчето за команда на микрофоните, градоначалничката Данела Арсовска на говорницата се појави со подвижен микрофон и влезе во кавга со Славески.
„Вие сте деспот, господнине Хитлер не ви доликува овој циркус што го правите, немате никаков интегритет“ му рече Арсовска на Славески.
По ова Славески ја испрати градоначалничката на своето место и ја прекина седницата на Советот.
Уште еднаш, како и многу пати досега, во Советот на Град Скопје не се носат никакви решенија, туку се е сведено на меѓусебно препукувања помеѓу Арсовска и нејзините довчерашни поддржувачи од ВМРО-ДПМНЕ.
