„Го менуваме наративот на национална омраза и поделби. Градиме нов наратив на соработка, разбирање и заеднички раст. Успехот на овие напори не е успех само за Грција и Северна Македонија и туку е успех на целиот Балкан и Европа. Мојата посета е прва официјална посета на грчки премиер во вашата земја. Изгубивме многу време, изгубивме три децени и мора да ги премостиме тие јазови.“ – изјави премиерот на Грција, Алексис Ципрас на денешната заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев.
-Денес потпишавме меморандум за разбирање и унапредување на пристапните преговори за Северна Македонија во ЕУ. План кој ќе ни дозволи координација во сите различни фази и сорабтока и распределби на вештина и знаења во европските политики. Зборувавме за сорабтка во рамки ан НАТО и на ниво ан регионот – изјави тој.
Алексис деновиве упати повик до ЕУ да се отпочнат преговори за членство на Северна Република Македонија во Европската унија. Го стори ова со цел да се уназади национализмот и да се постигне напредок меѓу народите –потенцираше премиерот Заев на заедничката конференција.
