Во текот на денешното претпладне во државава времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди ( повремено и подолги).
Од пладневните часови па натаму ќе се развива нестабилна облачност која повторно на повеќе места ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално повторно процесите ќе бидат поинтенезивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град како и значително количество на воден талог.
Останува и натаму многу топло со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.
Граѓаните ги предупредуваме доколку се појават електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрва додека вочарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.
АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
ОТЕЖНАТ СООБРАЌАЈ: На магистралниот пат Кичево-Гостивар, на превојот “Стража“, поточно кај Тајмишка раскрсница, дошло до одрон на камења, од што била зафатена една коловозна лента и сообраќајот се одвива отежнато.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Регионалниот пат Р-2332 (Трпејца- Царина) низ национален парк Галичица, од 30.04.2018, е оспособен за сообраќај за сите видови моторни возила со вкупна тежина до 3.5 тони.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.