Чија инсталација е Арсовска? Кандидатката за градоначалник веќе десет години имала бугарски пасош

Кандидатката за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска веќе десет години имала бугарско државјанство, обелоденија од владејачката СДСМ денеска на прес-конференција.

Бугарското државјанство, Арсовска го добила во 2011 година со одлука на вицепретседателот на Република Бугарија.

„Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина. Од кои побуди г-ѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате? За унгарските? За Бугарските? За оние на Груевски? Не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија“ кажаа од СДСМ на прес-конференцијата.

Тие ја прашаа Арсовска уште колку тајни крие од скопјани и ги повикаа граѓаните да не дозволат инсталација на Груевски од Будимпешта, државјанин на друга држава да се обидува да го скруши градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e