Четири маскирани лица со пиштоли извршиле упад во куќа во Скопје

Синоќа околу 20ч. во куќата на Б.С. (24) на ул. „Менделеева“ во Скопје, влегле четири непознати маскирани лица и со закана со пиштоли го врзале, го удриле со пиштолот во главата, по што извршиле пребарување низ куќата. Б.С., во изјава пред полициските службеници, не можел да каже дали и што му било одземено. СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e