Четири лица загинаа во сообраќајката што вчера околу 17 часот се случи кај селото Крушје на патот Ресен-Охрид.
Во несреќата учествувале три возила, битолски мерцедес и ауди и охридско БМВ.
Според информациите од полицијата загинаа два брачни парови кои што се наоѓале во мерцедесот и аудито.
Станува збор за лицата М.Р ( 1951 ) и М.Р. (1953) и двајцата од Битола, и за брачниот пат од селото Трновци Ц.С (1965) и Д.С ( 1959) кои се наоѓале во аудито, соопшти портаролот на СВР Битола Сања Стаматова.