Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, почитувани граѓани, дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам денот на Армијата на Република Македонија. Денес се одбележува и формирањето на првата регуларна воена единица на НОВ, батаљонот „Мирче Ацев“, формиран во далечната 1943 година на 18 август, во месноста Славеј на планината Караорман, во Дебарца, од партизанските одреди „Даме Груев“, „Ѓорче Петров“ и „Димитар Влахов“. Нивната борба беше за слобода на Македонија, а Армијата како наследник на таа пркосна и слободарска идеја е и мора да остане нејзин најверен чувар. Дозволете ми уште еднаш да го честитам денот на Армијата. Нека е за многу години, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.