По повод Националниот ден на Власите 23-ти мај, претседателот на Демократскиот сојуз на Власите од Македонија, Николче Бабовски, испрати честитки и посака сплотеност и заедништво.
“Националниот ден на Власите 23-ти мај нека биде ден кога Ве повикуваме на сплотеност и заедништво, зашто едно е сонцето што не грее сите без разлика на вера, нација и убедување. Различноcтите нека не обединат, се вели во честиката на претседателот на Демократскиот сојуз на Власите Никола Бабовски.
“Власите имаат свој придонес во историјата, културен и прогресивен однос кон современите општествени движења и кон изградбата на заединичката татковина. Местото на Република Северна Македонија треба да биде одбележано со уште една ѕвезда на европското ѕвезедено небо. Тоа го очекуваме час поскоро.
Нека ни е за многу години празникот, секогаш да го славиме во мир и со почит едни кон други – да бидеме сите заедно, затоа што еден род сме”, порача Бабовски.