Честитка на генералниот секретар Николовски за Рамазан Бајрам: Нека е честит празникот и нека донесе радост, среќа и спокој!

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, по повод големиот муслимански празник  Рамазан Бајрам, упати честитка до сите припадници на исламската вероисповед во Република Северна Македонија посакувајќи им добро здравје, среќа и благосостојба:

„Во  мое име и од името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам. Нека е честит и благословен празникот и нека донесе радост, среќа и спокој во вашето семејство, во вашиот дом!

Добрината, меѓусебното почитување, разбирање и помагање се вредностите кои не обединуваат и за кои се залагаме.

Да го продолжиме заедничкиот пат, да го негуваме и градиме концептот едно општество за сите, во духот на солидарноста и меѓусебната доверба, за подобра иднина за сите нас.

Заедно и сплотени да бидеме позитивен пример за генерациите што доаѓаат.

“Примете ги моите честитки во овие празнички денови на Рамазан Бајрам во духовен мир, радост и среќа“ стои во честитката од Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e