Чесно и одговорно е пред сите граѓани од чии средства се полни Буџетот на државата, а за кои се обезбедуваат пари за поддршка на земјоделството, вложените средства да дадат ефект преку зголемено производство на храна, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски во вечерашната Топ Тема на Телма.
-Основата на костурот е токму на премин од еден систем во кој субвенциите беа исплаќани по површина на земјоделските стопанства и фармерите ќе го добиваат како основна субвенција за тоа што ја обработуваат земјата, и другиот дел од субвенциите да бидат врзани со производството, односно да докажат дека имаат производство кое е дадено или предадено на регистрирани преработувачки капацитети, трговци или купувачи и притоа да остварат приход, појаснува министерот.
Тој образложи дека на новиот концепт се работеше 6 месеци.ж
-Го отворивме пред јавноста и пред Агро Советот, следат 12 состаноци на подсекторските групи, ќе следат многу теренски средби со се цел да го објасниме и до крајот на годината да го утврдиме овој нов модел, кој ќе биде долгорочен, вели ресорниот министер.
