Проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијаар, во денешното гостување во “Само вистина” на Канал 5 телевизија со апел дека клучот за справување со пандемијата е почитување на мерките и дека зголемените бројки на новозаразени кои ги гледаме деновиве е заради менталниот склоп на одредени луѓе кој отстапува од нормалата.
“Контагиозноста на вирусот не гледа дали сте црни, бели или жолти или дали сте будист, муслиман или христијанин. Ова е инфекција за секого на планетата мајка Земја. Тоа мојот народ мора да го сфати. Кој било сака нека биде. Ниту сакам некого да плашам, ниту некого да тешам, ниту имам политички амбиции. Вистината е во тоа да се сфати дека тој вирус може секого да нападне. И затоа постојат неколку мерки кои мораме да ги почитуваме, иако пак целосно не е исклучена можноста човек да се зарази, ама можноста за заразување е многу помала доколку сите превентивни мерки се почитуваат. Е тука огромна улога игра менталниот склоп на одреден број на луѓе кој отстапува од нормалата и тие се однесуваат така како што се однесуваат и тоа е главната причина што бројката на новозаразени толку порасна” – истакна проф. д-р Чепреганов.