Чавков штрајкува со глад во затворот во Шутка

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков штрајкува со глад во истражниот затвор Шутка. Информацијата официјално не ја потврдуваат од затворот, но извори од таму за ТВ 24 велат дека по неговата најава за штрајк со глад, медицински лица ангажирани во затворот будно ја следат неговата здравствена состојба.

Дали Чавков го известил судот за новата ситуација и дали и какви биле неговите барања од судот засега нема одговор ни од Кривичниот суд. Во меѓувреме одбраната чека одлука од Кривичниот совет, откако вчера поднесе жалба на 30 дневниот притвор кој го одреди судија на претходна постапка. Информациите до кои дојдовме велат дека денеска до пладне имало 14 жалби и од осомничените и од обвинителството кое бараше притвор, а во шест случаи судот одреди куќен притвор.

Првите одлуки по жалбите адвокатите ги очекуваат веќе од утре, кога истекува 48 часовниот рок за одлучување на кривичниот совет. Одбраната на Богдан Илиевски викан Бетмен, кој е осомничен како организатор на протестите од 27 април, вели дека во судот не биле презентирани докази кои го поткрепуваат притворот и кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

„Сметавме дека не стоја основите по коишто му се опреди притворот,а определн му е по сите три основи и ги негиравме тие основи.“ – вели Сања Алексиќ- адвокат.

Дел од одбраната обвини дека во случајов се применуваат двојни аршини, бидејќи сите 36 осомничени се водат под исто кривично дело, но за 15 од нив има притвор, а само шестмина добиле домашен притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e