Чавков, Лазаров, Поповски, Ѓошевски и Пепиќ добија притвор од 30 дена

Поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, определена им е мерка притвор од 30 дена на петмина обвинети за крвавите настани во Собранието на 27 април минатата година.

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против М.Ч., М.П., Д.Л. О.П. и Г.Ѓ, донесе решенија со кои делумно го уважи предлгот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од КЗ, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т. 1 од ЗКП, информираат од Судот.

Против овие решенија, странките имаат право на жалба во рок од 24 часа по приемот на решенијата до Апелационот суд – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e