“Новата влада на СДСМ ќе го реши проблемот со недостиг на гинеколози во повеќе градови во Македонија. Наместо да ги расфрламе парите за тркала и лажен барок, финансиски ќе ги мотивираме постоечките гинеколози да пружаат гинеколошка здраствена услуга во градовите во кои немаат гинеколог.” – изјави Гоце Чакаровски, претседател на Комисија за здраство на СДСМ.
“Ова ќе обезбеди решение веднаш, а не како ветувањата на Никола Тодоров, кои нудат решение дури за 6 години. Ако власта навистина се грижеше за здравјето на родилките и новороденчињата, немаше да дозволи во овие 10 години да испушти две генерации гинеколози, па сега на крајот на мандатот да нуди решенија.
Во моментов дури 42 општини во Македонија се без матичен гинеколог. 8.000 жени од Шуто Оризари повеќе од 5 години немаат матичен гинеколог. Во многу места жените треба да патуваат и до 20 километри за да појдат на гинеколошки преглед. Општините без матичен гинеколог, имаат најголема смртност на новороденчиња. Такви се Берово, Пехчево и Валандово. А во дел од општините воопшто не се вршат породувања.
Се работи за Ресен, Неготино, Валандово, Крива Паланка, Кратово и Крушево.
СДСМ ќе вложува во нови специјалисти,а веднаш по доаѓањето на власт финансиски ќе ги мотивира постоечките гинеколози да пружат здраствена заштита во поедини градови.
Императив на новата влада ќе биде да се намали смртноста на родилките и новороденчињата во земјата.
По 11 декември капитална инвестиција на новата влада на СДСМ ќе биде образование на специјалисти и здравјето на граѓаните.
Ќе вложуваме во здравјето на граѓаните, а не во гипс и стиропор.” – додаде Чакаровски.
За поврзани вести продолжете надолу