На денешната седница на Централниот одбор СДСМ е променет претседавачот Пеце Мирчески. На негово место е поставена Соња Карапеч од Битола. Таа е директор на Студентскиот дом „Кочо Рацин” во Битола.

Како што брифираат партиски извори промената на претседавачот не е поврзана со најавената „метла“, туку со тоа што на Мирчевски му е истечен мандатот, а Капачев на денешната седница која е во тек е едногласно избрана на нов претседавач.
На дневен ред се и внатрешнопартиските избори, односно начинот и критериумите за избор на функционери на Општинските организации на СДСМ. Најавената “метла” е предвидена за крајот на седницата, кога на ред е петтата точка од дневниот ред-тековни и кадровски прашања.
Извор: Слободен печат
