Централниот караван на СДСМ вечерва е во Кавадарци

Централниот караван #НајдоборотоЗаМојатаОпштина денеска е во Кавадарци.
Претседателот Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на Општините Демир Капија и Неготино, а вечерва ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на Општина Кавадарци на Плоштадот во Кавадарци со почеток во 20:00 часот, каде ќе има и свое обраќање.
Вториот караван денеска ќе биде во Валандово, каде секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ ќе се обрати на трибина со почеток во 18.00 часот. Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска денеска е меѓу граѓаните во Карпош, а потпретседателката Мила Царовска во Аеродром. Потпретседателите Фатмир Битиќи и Оливер Спасовски ќе остварат средби со граѓаните во Бутел, односно Сопиште.
Партиски претставници ќе одржат средби со граѓани и во Радовиш, Битола, Пробиштип, Кратово, Виница, Могила, Ѓорче Петров, и Теарце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e