Целосно се затвораат кафичите, обложувалниците, продавниците во моловите, како и повеќето гранични премини

Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес конференција истакна дека покрај досегашните 12 заболени од корона вирусот, има уште нови шест заболени.

Се затвораат сите копнени гранични премини освен Табановце, Ќафасан , Богородица и Деве Баир. Се затовра охридскиот аеродром. Се забранува влез во земјата и од земјите со среден ризик. Се затвoраат моловите , освен продавниците за храна и аптеките во нив . Другите може да работат на друг начин. Се забранува работа на кафулиња , ресторани , кладилници, кзаина и спортски обложувалници.

Објекти што произведуваат храна може да работат , но без гости само со нарачка. Достава на продукти во подрачјето на Дебар и Центар Жупа била тема на разгледување на седницата на владата.

Не знаеме што може да очекуваме , добро е што имаме само едно место на локална трансмисија , за разлика од другите земји. Сите капацитети се спремни , како и болничките капацитети во овие установи, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e