Со цел поголема доверба од граѓаните ќе се изработи Стратегија за транспарентност на Владата на РСМ

На последната одржана 126-та редовна седница на Владата на РСМ министрите ја разгледаа и ја усвоија информацијата за потребата за изработка на Стратегија за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија.

Стратегијата ќе биде изработена со цел да се зголеми довербата на граѓаните во институциите на системот преку системско унапредување на транспарентноста и отвореноста на државните институции. Оваа стратегија ќе ги утврди приоритетните области и ќе даде стратешки насоки за институциите да ги применат принципите на добро владеење  кои се дел од правниот систем на ЕУ и 12-те принципи на добро владеење од Советот на Европа.

За таа цел беше задолжен Кабинетот на министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, Роберт Поповски да ги координира понатамошните активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e