Во новата преодна Влада Мила Царовска продолжува на вицепремиерската позиција со, како што вели, исто темпо и посветеност како и до сега.
„Благодарност до премиерот Заев за укажаната доверба, верувам дека можам значително да придонесам за унапредување на економијата и реализацијана проектите во тек. Во изминатите две години економијата бележи позитивни трендови за кои немам дилеми ќе продолжат и во наредниот период“, напиша Царовска на својот ФБ профил потсетувајчи дека економијата порасна на 3,5 %, имаме рекордно ниска невработеност и отворени се повеќе од 60.000 работни места.
„Поддршка за отварање на нови работни места и покачување на животниот стандард беа моја примарна задача и како министерка во МТСП. Како вицепремиерка за економски прашања уште повеќе ќе се посветам на унапредување на стандардот и развој на економијата кои се најважните приоритети за нашите граѓани,“ – порача новата вицепремиерка.