Царовска: Со Гаранцијата за млади се грижиме секое младо лице да си го најде местото во општеството

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска изјави дека со Гаранцијата за млади Владата покажува дека се грижи секое младо лице да си го најде местото во општеството и да остане во државата бидејќи само така можеме да изградиме силна економија.

„Северна Македонија е единствена земја во регионот која што не е ЕУ членка а која што ја има воведено гаранцијата за млади. Тоа е мерка која што ги поврзува младите луѓе со државните институции во посредување при вработување за да на крајот стигнат до вработување во реалниот сектор. Бизнис компаниите го препознаа интересот на Владата да подготви млади луѓе коишто ќе бидат конкурентни на пазарот на трудот и коишто ќе се вработуваат во бизнисот. Во 2018 година повеќе од 1.800 млади лица се вработија токму заради младинската гаранција во 2019 го продолжуваме во три региони овој концепт за да во 2020 година очекуваме и законско решение со коешто на секое младо лице ќе му се гарантира дека по завршувањето на образованието ќе добие можност да се доквалификува и да добие можност да се стекне со одредена вештина која што ја немало во образовниот процес за на крајот да дојде до вработување“, рече Царовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e