Царинската управа на состанок со царинските регионални аташеа на Франција

При денешната остварена посета на Царинската управа, регионалните царински аташеа на Република Франција г-дин Кристоф Бержон и г-дин Жулиен Отре го потврдија интересот за билатерална соработка. Во разговор со раководителите на службите за меѓународна соработка и контрола и истраги, беа потенцирани областите во кои има неопходност за заеднички активности во иднина.
carina1Колегите од Франција се запознаа со организацијата на нашата Царинска служба и ги сослушаа приоритетните наши потреби за техничка помош и поддршка во стручното оспособување, особено за цели на воведување на нови современи методи на спроведување на контрола и разоткривање на нелегални операции.
carina2Претставниците на Царинската управа изразија задоволство досегашната техничката и експертска помош која Република Франција и нејзината Царинска служба подолго време ја обезбедувааат. На средбата се потенцираше важноста на заедничко ангажирање на двете служби, со цел поголеми успеси во извршувањето на мисијата на Царинската управа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e