Царина: Рекордна заплена на девизи и злато во вредност од еден милион евра

Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа вчера на граничниот премин „Богородица“ заплениле рекордна сума на девизи и злато во вредност од еден милион евра. Како што соопштија од Царина, при контрола на автобус заплениле 262.750 долари, 155.760 евра и 12 килограми злато и златен накит со проценета вредност од околу 600.000 евра.

– Поради постоење сомнеж, автобусот со турски регистарски ознаки управуван од македонски државјанин, кој се движел на редовна линија Скопје – Истанбул (Турција) при излез од земјава бил упатен на детална контрола на царинскиот терминал на ГП Богородица. При прегледот е откриен специјално изработен бункер во кој се пронајдени разновиден златен накит и златни плочки со неправилна форма, како и голема количина на девизи“ – велат од Царинската управа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e