Бутарис: Скопјаните не се човекојадци, само затоа што ги водеше Груевски, еден радикален националист, еднаков со нашите ултра патриоти

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, апелира дека Грција не треба да се плаши од својот северен сосед.

Во писмен говор на конференција под името Национализам наспроти патриотизам“, организирана од грчката партија „Река“, Бутарис потенцирал дека сега е шанса да се стави крај на спорот со името, пренесува МИА.

Правејќи споредба меѓу патриотизмот и национализмот, Бутарис, вели дека со патриотизмот се добиваат, а со национализмот се пропуштаат можности. Како пример ја наведе општина Солун, градот што за да не пропушта можности е отворен кон Турците и Македонците.

– Затоа го поканив Зоран Заев тука да ја дочека Новата година. Поврзани сме со лична врска, а тој е сериозен човек. Од што се плашиме, дека можеби соседите ќе ни го земат Солун? Сега е шансата да завршиме со ова отворено прашање, во корист на Грција, затоа што денес соседната земја во целиот свет е позната исклучиво со уставното име. Скопјаните не се човекојадци, само затоа што ги водеше Груевски, еден радикален националист, еднаков со нашите ултра патриоти, напишал солунскиот градоначалник.

Јанис Бутарис ги споменува и Турците кои го посетуваат Солун и зголемениот број на турски туристи. Воедно, ја повикува и официјална Атина, да продолжи со активностите кон соседите започнати од неговата општина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e