Владо Бучковски е универзитетски професор по римско право и видна политичка фигура. Тој е поранешен премиер и два пати беше министер за одбрана, а своевремено беше и претседател на СДСМ. Македонија доби кандидатски статус за членство во ЕУ во 2005 година за време на неговиот мандат како премиер. Тоа е неговиот клучен успех во политичката кариера.
Проф. Бучковски е уважен експерт, интелектуалец и политичар, чии анализи и пораки произлегуваат од неговото големо искуство. Во интервју за Цивил Медиа тој одговори на четири важни и актуелни прашања.
ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се перспективите на С. Македонија во контекст на несигурните балкански соседи?
БУЧКОВСКИ: Северна Македонија нема алтернатива. ЕУ е нашата стратешка цел, затоа мора да се избориме за почетокот на преговорите со ЕУ. Евентуалната политичка криза во нашата држава (при опстојување на Бугарија на ветото и на декемврискиот самит на Советот на ЕУ), дополнително ќе ги искомплицира и така комплицираните состојби во нашиот регион на Западен Балкан. Да се потсетиме, евидентна е кризата на Косово по обвиненијата на Специјалниот суд против поранешните лидери на ОВК. Претседателот Хашим Тачи си поднесе оставка… Во Црна Гора се промовира нова Влада со многу контроверзии околу нивната прозападна (проевропска) ориентација… Босна и Херцеговина, федерацијата е на стаклени нозе… Република Српска е темпирана бомба! Албанија е во пресрет на парламентарните избори со длабока политичка поделеност на власта и опозицијата и отворен судир на Владата на Рама со Претседателот Мета. Србија навидум е политички стабилна, но верувам свесна дека без признавањето на независноста на Косово, нема шанси за членство во ЕУ.
Целото интервју на Владо Бучковски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.