Бубевски: Недозволиво е и понатаму на Јанкуловска да и се одложува издржувањето на казната

Бебето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, денеска наполни една година, а според обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски, недозволиво е и понатаму да се одложува нејзиното издржување на казната од четири години што ја доби со пресудата за предметот „Тенк“. Јанкуловска требаше да се јави на издржување на затворската казна на 1 јули, но Врховниот суд донесе одлука со која извршувањето на казната се одложува.

Според Врховен казната се одложува се „до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд.“

Бубевски вели дека одложување на затворска казна над една година е недозволиво во случајов.

-Сметам дека законот за извршување на санкции е премногу јасен и му дава можност на судот додека детето наполни 1 година, заради првата на детето и мајката, да го одложи извршувањето на соодветната санкција. Денеска истекува рокот, детето полни една година, се над тоа е нешто што е недозволиво. Не сум ја видел одлуката на Врховен од кои причини се раководел, дали хуман аспект или нешто друго имал предвид. Но законот за извршување на санкции е така регулиран – изјави денеска Бубевски.

Тој додаде дека е симптоматично Врховен да го одложува извршувањето на казната само кога се работи за високи функционери, како што е Јанкуловска во случајов, и како што беше случајот со Владо Бучковски во минатото.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e