Брнс: САД има инвестирано над 60 милиони американски долари за образованието

Министерот за образование, Арбер Адеми и амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнс во присуство на претставници од сите универзитети во земјава потпишаа протокол за продолжување на научната и технолошката соработка.

„Потпишавме значаен протокол за проширување на соработката во научно истражувачката сфета со САД. Со овој протокол, овозможуваме продолжување како на истражувачко, ниво, така и на ниво на институции. Со ова, ја имаме поддршката од една од најразвиените земји. Искажувам огромна благодарност до пријателите од САД што уште еднаш застанаа на наша страна“, рече Адеми.

Амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнс вели дека се надева на продолжување на соработката во овој дел.

„Чест ми е да го потпишам овој договор помеѓу САД и Северна Македонија. Науката, технологијата и иновациите се неопходна алатка за соработката со САД. Преку соработката, ги доближуваме земјите. САД и Северна Македонија имаат голема соработка 2 децении. САД има инвестирано над 60 милиони американски долари за образованието“, истакна Брнс.

Фото: Стандард

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e