Нема простор за паника кај македонските потрошувачи за квалитетот на српското брашно. Иако ќе се ставаат контролни маркици во Србија на сите пакувања брашно до пет килограми истото ќе подлежи на дополнителна контрола за квалитет и во Македонија. Вака одговори министерот за земјоделство Љупче Николовски истакнувајки дека станува збор за 5 одсто од вкупните количини брашно што се увезува од соседна Србија за кои невозможно било контролни маркици да се ставаат во Македонија.
„Ние ја засилуваме контролата во тој дел и ние се обврзавме. Сметам дека граѓаните не треба да бидат загрижени во овој момент, затоа што тоа се мали количини споредбено со целиот увоз и најголемиот дел 96 проценти останува новиот принцип од она што го договоривме“, вели Љупчо Николовски – минисер за земјоделство
На состанокот на заедничкиот комитет во Белград, македонските власти од српските ќе бараат олеснувања за извоз ина други земјоделски производи и преработки. Станува збор за нецарински постапки и процедури кои ја одолговлекуваат целата постапка за извоз. Со стопанската комора детектирани се за кои производи ќе се бара олеснувања.
„На пример проблем е оризот. Се прават анализи кои се чекаат и по 15 дена и се прават во Ниш. Проблем е со извозот на вода, алкохолни пијалоци. Ние ги нотиравме заеднички со Стопанската комора сите овие проблеми кои што го имаме но тоа ќе биде проблем на комитетот“, вели Љупчо Николовски – минисер за земјоделство
Македонија годишно од Србија увезува околу 40 илјади тони брашно и земјава претставува трет најголем увозник на српското брашно . За најголемиот увоз од 95 проценти контролните маркици ќе се ставаат во земјава, а само за пакувањата до пет килограми наменети за широка потрошувачка маркиците ќе се ставаат во Србија.