БРАНКО ГЕРОСКИ ПРИЗНА: Сепак постои личен документ на Данела Арсовска на сајтот на бугарското МВР

-Сепак, порталот 24 часа греши. Нашата проверка на сајтот на бугарското МВР покажа дека постои личен документ на Данела Арсовска, со таков број каков што има на фотографијата што ја лиферуваше СДСМ. Плусинфо ќе ја повлече пренесената вест од 24часа.бг, а јас мојот претходен пост, напиша на Фејсбук вечерва, еден од најголемите критичари на власта, новинарот и уредник на порталот Плусинфо, Бранко Героски.

Untitled

Во овој контекст, порталот на Героски, Плусинфо објави текст со наслов: БУГАРСКАТА ЛИЧНА КАРТА НА ДАНЕЛА АРСОВСКА СЕПАК Е ВАЛИДНА Што покажа проверката на сајтот на бугарското МВР?

1

Кога и некој како Бранко Геровски признава дека како што пишува, при нивна проверка на сајтот на бугарското МВР се покажало дека постои личен документ на Данела Арсовска, со таков број каков што има на фотографијата што ја лиферуваше СДСМ, тогаш е јасно зошто Данела Арсовска два дена на ова прашање не одговара директно со ДА или НЕ, туку се обидува со контра напади да го избегне одговорот и со тоа јавноста да не ја дознае вистината лично од неа.

Ова е копија од личната карта која денеска ја објави СДСМ на прес конференција.

249045007_1048965409268169_5557795684741022538_n

Инаку и премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев во денешното гостување во Утрински брифинг, побара од Арсовска да се повлече од трката за градоначалник.

– Многу е сериозна оваа работа. Таа не демантира. Чист демант нема. Вистината ќе излезе до крај. Во Скопје се бира градоначланик, кмет се бира во Бугарија. Имало Скопје кмет 1941 но овде бираме градоначалник. Тврдам дека Данела Арсовска е државјанин и на Бугарија. Проблемот е политички, етички, нечесен. Мора да им кажете на своите граѓани. Очекувам Аровска да се повлече веднаш, ако малку си го сака Скопје и скопјани. Ова е понижување, додаде Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e