Премиерот на соседна Бугарија Бојко Борисов соопшти дека лично му упатил честитки на Зоран Заев за реизборот за лидер на Социјалдемократскиот сојуз.
„Зборував на телефон со премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев. Му го честитав реизборот за претседател на неговата партија, а тој ми посака среќа на претстојните парламентарни избори во Бугарија. Се согласивме дека одлуките што двете земји треба да ги носат во духот на Договорот за добрососедство и пријателство и не треба да се одложуваат и во име на нашата заедничка историја и во име на нашата заедничка европска иднина.“ – посочи Борисов на социјалните мрежи.