МИА дојде до нацрт заклучоците на Советот за општи работи, пред министерскиот состанок утре на кој Македонија очекува зелено светло за отворање на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Македонија е позитивно оценета за напредокот во владеењето на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал и се повикува на здружена работа во оваа област помеѓу власта и опозицијата.
Минатата година, Република Северна Македонија во овој дел превзеде низа мерки и активности.
Во рамки на владата беше формиран нов кабинет на вицепремиер задолжен за борба против корупцијата и криминалот. Усвоен е Планот за борба против корупцијата. Прв ваков акт од осамостојувањето до денес.
Екипирање и дигитализација на Јaвното обвинителство, воспоставување на електронски систем за инспекција Е-инспектор, систем за следење на предмети и претставки, намален и ограничен број на членови на управни и надзорни одбори, обезбедени и опремени нови простории во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, одлука за користење на службени возила, обезбедени нови соодветни простории на ДКСК, зголемување на транспарентноста, за прв пат е отворен пат за конфискација на имот, креирање на регистарот на вистинските сопственици, спречување на злоупотреба при доделување на државна помош, дигитализација на сите процеси во 11 државни институции, надминување на дететектираните слабости во јавните набавки… се само дел од мерките и проектите кои се реализирани во изминатава година откако е формиран кабинетот на вицепремиерот за борба против корупција и криминал.
Советот на ЕУ исто така ја поздравува и реформата на безбедносните и разузнавачките служби.
Како добра вест се нотира и пописот од кој ЕУ во наредните месеци ги чека и резултатите.
Се потенцира важноста за добрососедските односи и имплементирање на договорите со Грција и Бугарија.
ЕУ, исто така ја повикува Македонија да ја зајакне слободата на изразување и безбедноста на новинарите.