Петмина поранешни членови на Државната изборна комисија (ДИК) поднеле барање за апанажа до Собранието на Република Македонија, додека тројца се вратиле на своите работни места.
Барања за апанажа поднеле поранешниот претседател Александар Чичаковски, кој беше од редот на експерите, и членовите Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ. Надоместокот за апанажа за членовите би требало да биде за една година имајќи предвид дека мандатот во овој состав беше повеќе од две години, а износот е колку нивната месечна плата.
На работното место во Собранието се вратил поранешните членови на ДИК Реџеп Прекопуца, во Подрачното одделение на ДИК во Гевгелија Атанас Урумов и како државен советник во Министерството за транспорт и врски Сашо Срцев кој беше долгогодишен член на ДИК предложен од ВМРО-ДПМНЕ.
Комисијата броеше девет члена, а оставка не поднесе само Ермира Асани Салија која беше предложена од Беса, и го замени Бедредин Ибраими од ДПА непосредно пред локалните избори.