Боки 13 денес ќе даде исказ пред Рускоска

Бојан Јовановски-Боки 13, првоосомничениот во случајот „Рекет“ денеска за првпат ќе даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска.
Во „Рекет“ осомничени се и Зоран Милевски – Кичеец, кој веќе даде исказ и од 24 септември е во домашен притвор, и Катица Јанева која се очекува неделава да даде исказ.

Минатата недела Апелацискиот суд не го прифати барањето на Јовановски за прекин на притворот затоа што истрагата е завршена и неговата здравствена состојба е лоша. Судот оцени дека тој сè уште е во опасност да избега и да го повтори кривичното дело за кое е осомничен. Истрагата за овој случај е веќе завршена.

Апелацискиот суд не го прифати и барањето на екс специјалната обвинителка Јанева за домашен притвор заради ризик од бегство.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e