Сегашната влада, опозицијата и системот поставен од нив не можат да се санираат, напротив, мора целосно да се променат. Затоа на Македонија денес и е потребна искрена и конзистентна опозиција, која е подготвена да се бори за иднината на граѓаните, а не за себе. Ние ќе менуваме, нема само да коегзистираме со власта, рече носителот на листа во Изборната единица 1 од Македонски концепт, Петар Богојески, кој денеска имаше средба со скопјани.
Според Богојески, државата има потреба од политичари и народни пратеници што ќе сторат сé што е потребно за да ја вратат слободата на граѓаните, спокојот на секојдневието и меѓусебната солидарност, како и да обезбедат услови за живот во држава со која сите граѓани ќе може да се гордеат.
-Македонски концепт се залага да биде таа сила за доброто на сите. Ова е последна шанса за враќање на државата во рацете на граѓаните, порача Бојески.
Тој побара поддршка од граѓаните.
-Заедно со вашата поддршка можеме да покажеме дека го менуваме општеството во кое живееме, како и дека со вистински закони може да се формира парламент кој ќе работи за доброто на граѓаните. Само заедно можеме да се избориме за суштински промени, порача Богојески.
Граѓаните во разговорите со него изразиле големо незадоволство од досегашните политики и досегашниот избор на „ помало или поголемо зло“.
-Граѓаните се презаситени од празни изборни ветувања и немање избор. Тоа се основинте пораки кои ги споделија со Богојески. Граѓаните сакаат нормален живот во општество кое нуди фер услови за сите подеднакво, сакаат институции кои ќе работат во служба на граѓаните, а не за лични интереси на одредени политички фигури кои ги окупираа институциите како да се нивна приватна сопственост. Граѓаните сакаат народни пратеници, оние кои ќе ги застапуваат нивните проблеми и интереси и ќе одговараат за постапките пред граѓаните, наведува Македонски концепт.