Поранешниот прв разузнувач, Слободан Богоески, синоќа во емисијата „Само вистина“, истакна дека Груевски лаже дека е прислушкуван, како што според него, лажеше дека УБК не вршела следење на комуникациите, дека странски служби тоа го правеле и некои жолти комбиња се шетале, а некој лепел и монтирал.
– Моја проценка е дека сака да побегне од сопствената одговорност, како човек кој е обвинет за тешки дела, сака да се покаже како политичка жртва и да го сврти вниманието од своите злодела. Му требаат вакви трикови во очи на изборите. Тој и ден денес живее во тој филм со жолти комбиња и мисли дека луѓето му веруваат – изјави Богоески.