“ВМРО ДПМНЕ и Силвана Бонева изгубија усул во крадењето државни пари.
За само шест месеци работа во ДИК, Бонева зела 12 илјади евра за патни трошоци или 2000 евра на месец. Тоа е пњрверзно и бескрупулозно, алчно и криминално однесување на блиската соработничка на обвинетиот криминалец Никола Груевски, со кое дрско им се потсмева на сиромашните во Македонија.” – изјави Стефан Богоев, пратеник од СДСМ.
Силвана Бонева стана симбол за коруптивното и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Додека 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија, со помалку од 40 денари на ден, богатењето на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери не запира.
Еве на кој начин Груевски и неговите соработници купуваат станови и плацеви на име на своите синови и мајки.
Еве како ВМРО-ДПМНЕ стаса до имот вреден 60 милиони евра, невиден и за големите партии од богатите земји во Европа.
По 11 декември сите што ги злоупотребиле парите на граѓаните и ги прекршиле законските прописи, ќе одговараат, а парите ќе бидат вратени во буџетот и искористени за потребите на граѓаните. – заклучи Богоев.
За поврзани вести продолжете надолу