До Основното јавно обвинителство – Скопје поднесовме три кривични пријави за сторено кривично дело, бесправно градење.
Во текот на 2017-та година, по извршен инспекциски надзор од страна на овластен градежен инспектор на општина Центар и по извршен увид, на булварот “Никола Карев“ бб, констатирано е дека пријавениот О.Б. без одобрение има изградено градба со димензии 15х20 метри.И покрај добиената наредба и изготвеното решение за отстранување на градбата, пријавениот одбива да го стори тоа, а бесправно изградената градба се уште е на истото место.
Кривична пријава за сторено кривично дело, бесправно градење, поднесена е и против Д.А. кој без одобрение за градење има изградено објект 10х10 метри на улица “171“ бр. 23; и против Р.А. за незаконски изграден објект со димензии 5,20х6,55 метри, на улица “171“ бр.31.
Општина Центар предлага ОЈО – Скопје да ги преземе сите дејствија во насока на утврдување на фгактичката состојба, по што против тројцата пријавени ќе спроведе кривично гонење за сторено кривично дело казниво по член 244а, став 1 од Кривичниот законик.
Саша Богдановиќ