Бочварски во СТУДИО 10: Останувам министер за транспорт и ќе ги довршам автопатиштата

Ристо Пенов влегува во Владата, а се чека потврда од Собранието. Има шпекулации дека министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе биде заменет во реконструкција на владата. Тој во СТУДИО 10 на ТВ24 го демантира ова и вели дека министерот за локална самоуправа Горан Милевски си даде оставка и Пенов веројатно ќе дојде на неговото место.

Тој во меѓувреме ги продолжува постапките за инфраструктурните проекти и вели дека источна Македонија е препородена со новата патна инфраструктура.

Но, факт е дека Блаце-Скопје, автопат од 10 километри, се работи премногу долго. Бочварски вели дека причината за тоа е конституцијата а теренот во растојание од 2 километра и потребно е да се направат потпорно ѕидови. За автопатот Скопје-Блаце се зборува многу години, а сега првпат се гради, вели Бочварски за СТУДИО 10.

Тој додава дека се работи и на другите заглавени патни правци кои продолжуваат да се градат и во време на криза.

-Руски сили се обидоа да го попречат тендерот за градењето на Коридор 8 и Коридор 10. Во постапката имаше две заинтерсирани компании. Едната имаше некомплетна документација и беше отфрлена. Втората компанија требаше само да достави анкарска гаранција што не го стори во определен рок па договорот се раскина, вели Бочварски.

-Бараме компанија што ќе преговара со турско-американскиот конзорциум Бехтел и Енка за цените на автопатот од Коридор 8 и 10 и ќе врши надзор врз изградбата. Наводно, компанијата што не достави банкарска гаранција имала руско влијание и затоа се повлекла и не се склучи договор, објаснува Бочварски.

Скопје-Блаце чини 196 милиони евра и тоа е различно од Коридорите, појаснува Бочварски. Тој додава дека се надева оти ќе има успешна тендерска постапка и наскоро ќе почне да се гради. Проблематичните 2 километри се гладат 2-3 години но тоа е поради греши во проектот, вели Бочварски.

Сепак, квалитетот на патиштата е незадоволителен иако граѓаните со регистрација на автомобилите плаќаат за одржување на патиштата. Затоа, пак, патарините никнуваат како печурки.

Бочварски вели дека тие средства се користат за обнова на патните правци и дека како европска земја треба да ги заокружиме нашите автопати што водат кон големите центри.

-Има некои точки на Коридорот 10 кои се проблематични и кои треба да се санираат. Треба да знаеме дека парите од патарините треба да се пренасочат кон санација на коловозите, вели Бочварски.

Според Бочварски автопатот Миладиновци-Штип бил 53% изграден кога на власт доаѓа СДСМ. На автопатот по три години се ставени патарините, а актуелните работи на патот се однесуваат на ставање втор слој асвалт за што се чекаше прво патарините да бидат завршени.

Патот Кичево-Охрид се гради премногу долго. Според Бочварски рокот за завршување е декември 2023 година и вели дека во тек се интензивни активности на асвалтирање.

-Во текот на наредните денови движењето ќе се насочи кон десната лента која ќе биде завршена, а клучката кај Подмоље е готова, вели Бочварски и додава дека проектот за тој автопат бил катастрофален. Бочварски вели дека првичната траса поминувала низ резервоар за вода и морало да се измени трасата што е подолга процедура. Друг проблем што го потенцира Бочварски е нерешените имотно-правни прашања.
Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e