Бочварски: Во наредните 10 дена ќе биде објавен повикот за новата социјална зграда во Виница

Во текот на наредните 10 дена ќе биде објавен повикот за новата социјална станбена зграда за Општина Виница, која е изградена и финално завршена со технички прием, а веднаш потоа ќе ја објавиме и социјалната зграда во Свети Николе. Во нашата програма имаме обезбедено и средства и проект за да се распише постапка и да се влезе во реализација на уште една социјална станбена зграда во Општина Штип, информира денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Како што информира Бочварски во изјава на патниот правец транзит Штип, завршува и постапката во однос на социјалните станбени згради во Пробиштип.

Прашан во однос на соработката со штипскиот градоначалник, но и останатите од Источниот регион, Бочварски потенцира дека е отворен за соработка со сите градоначалници и оти дава поддршка на сите општини каде има интерес, идеи и проекти.

– Апелирам и ги повикувам градоначалниците да бидат активни, да носат квалитетни проекти кои ги имаат сите изработени фази со цел да ги аплицираат во Мининистерството за транспорт и врски и ние сме отворени и даваме поддршка. Се што е надлежност на општините, а каде може да помогнеме тука сме . Тоа кое нам како државна патна инфраструктура ни е доделено согласно законите, ние веќе го правиме без притоа да бараме поддршка од градоначалниците, бидејќи сметаме дека ова е потребно да го направиме и санираме за граѓаните, изјави Бочварски.

Во програмата за локални патишта, како што додаде, досега имаат реализирано и во фаза на реализација се преку 23 милиони евра кои директно ги вбризгале во општините, во локалните средини и во патишта кои се под општинска ингеренција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e