Бочварски: Направивме повеќе од што ветивме во 2016

Градоначалникот на Штип Благој Бочварски, на денешната дебата на ТВ 24 изјави дека Владата во последните 2 и пол години направила повеќе и од планираното во однос на патната инфраструктура. Според него, постои огромна разлика со работата на претходната власт каде голем процент од инвестициите не биле профитабилни, меѓу кои и проектот Скопје 2014.

„Владата во последните 2 ипол години се реализираше во патната инфракстурткура, се гради како никогаш досега. Се рехабилитираа и 500 километри постоечки патишта. Тоа повеќе од колку што ветивме во 2016 година. Денеска имаме 800 милиони евра рехабилтирани и нови патишта. Тогашните капитални инвестиции во 40 отсто беа непродуктивни додека денеска се што се гради е нешто корисно за развој на економијата и државата“, вели Бочварски.

Градоначалникот на Штип изјави дека државата е наследена со огромен економски минус. Но, како што вели, за овој период додека владее СДСМ, економијата закрепнува и оди напред.

„Државата ја наследивме со 1.8 отсто пад на економијата денеска имаме раст од 3,6 отсто. Економијата закрепнува државата оди напред, но ова е прекраток период да се забележи разликата од работењето на оваа и претходната власт„, вели Бочварски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e