Блерта Поцеста не го признала убиството на родителите и сестра си

Блерта Поцеста не го признала убиството. Ова го кажала одбраната на 28 годишната Блерта Поцеста која е главна осомничена за убиството на нејзините родители и сестра, пишуваат италијански медиуми.

Адвокатот е Квинто Јонколи, бранител на Блерта во италијанската истрага, кој успеал да го контактира својот колега које е адвокат на осомничената во Македонија. Истражувањата всушност се движат во две насоки.

Истражителите од Гостивар веруваат дека првородената ќерка на Амит и Назмир е изведувач на трикратното убиство а Ферди Гаши, 31 годишен маж од Гостивар, и В. Клобочишта и дале поддршка, односно и биле соучесници на Поцеста. 

Тројцата осомничени се приведени и потврден е од македонското обвинителство нивниот 30 дневен притвор (кој може да се продолжи) додека не заврши прелиминарната истрага (којка обично трае до максимум 6 месеци).

„Поради тоа, во сфера на правдата се појави нов пресврт. Адвокатот одбива реконструкција, предложена не само од локалниот македонски печат, но и потврдувањето на оваа вест, дадена од некои членови на семејството и „италијански судски извори“ на една од главните италијански прес агенции. Патем, дознаваме дека македонскиот адвокат досега немал можност да одржи приватна средба со соучесниците на Поцеста, надвор од јавните средби за време на сослушувањето. Тешко е, во ваква ситуација, да може да координира една одбрана стратегија.

Ниту една трага од особена важност не произлегла од истрагата што ја спроведе полицијата врз аудито на Блерта Поцеста, оставено на паркингот на аеродромот Марко Поло во Венеција. Научните експерти го прегледаа возилото собирајќи докази, под будното око на адвокатот Јонколи“, додаваат италијанските медиуми.

Детективите ќе можат точно да ги реконструираат движењата на автомобилот на Поцеста и нејзините движења долж автопатот.

Нејзиното присуство на списокот патници на летот кој тргнал во 6.20 часот од Венеција во саботата, 25 август, и при летот за враќање во неделата, 26 август, кој слетал на аеродромот околу 20, веќе беше утврдено од страна на истражувачите на мобилниот тим, од Брунела Марцијани. Точно, присуството на 28-годишната во Македонија, во времето на злосторството, ги насочи сомневањата на истражителите кон неа.

Дебарската полиција добила пријава од роднини кои ги нашле телата во куќата во 20,45 часот во неделата, но убиството се одвивало претходната ноќ. На 2 септември во неделата се уапсени осомничената и двајца соучесници.

Засега официјални податоци од надлежните во Македонија нема бидејќи истрагата е сеуште во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e