Битолски судија Крстевски брцнал во медот заедно со мечките, ама, тој не се сеќава дека зел пари

Битолскиот судија Никола Крстевски е меѓу „пчеларите“ кои ја тужеле државата затоа што мечките му ги изеле пчелите и му биле досудени 113.650 денари плус камата, или вкупно над 2.300 евра, иако државата тврдела дека сегашниот судија на битолска апелација не докажал дека е пчелар, ниту дека остварувал дополнителни приходи од производство и продажба на мед.

Според информациите до кои дојде СВЕДОК во рамки на истражувањето, како преку мечките се ситнел државниот буџет, е и пресудата на Основниот суд во Крушево, каде што, како тужител се јавува сегашниот битолски апелационен судија Никола Крстевски, кој бил меѓу тие што добиле надомест за уништени пчели од страна на мечките.

Штетата била исплатена и покрај противењето на Државниот правобранител, чија жалба, сегашните колеги на Никола Крстевски во битолска апелација ја одбиле, а ја потврдиле првостепената пресуда на крушевскиот суд, по што, Министерството за финансии ја исплатило штетата. Крстевски за време на тужбата и одлучувањето по жалба бил судија на судот кој одлучувал за неговиот предмет.

Тужбата била поднесена во 2013 година, каде што се барала штета за уништени 8 пчелни семејства и на 27 јуни крушевскиот суд ја прифатил тужбата и утврдил штета и трошоци во висина од 113.650 денари, плус камата до денот на исплата.

Пресудата отишла по жалба на правобранителот, но битолските судии ја одбиле, иако се барало судијата да докаже дека бил пчелар и дека пријавувал трошоци и приходи за и од пчелите, но овие аргументи не биле прифатени, туку била направена само незначителна корекција во поглед на тоа, каматата да тече од денот на пресудување, а не од денот на поднесување на тужбата.

Битолска аппелација пресудата ја донела на 18.11.2013 година, а на 25.12.2013 година доспеало барањето за иисплата на штета до Министерството за финансии и тоа во износ од 113.760 денари како главно побарување и 27.690 денари трошоци во постапката или вкупно 141.450 денари, околу 2.310 евра.
Но, судијата Никола Крстевски не се „сеќава“ дека ги тужел мечките и државата и дека добил надомест на штета од државата.

СВЕДОК телефонски го контактираше битолскиот апелационен судија Никола Крстевски, кој го прифати нашиот повик и откако му објаснивме за што го бараме тој само одговори “не се сеќавам“. На нашето дополнително прашање дека имаме пресуда со негови податоци, тужбата е од 2013 година, доодговори „не, не се сеќавам дека сум тужел, сега е 2018, тоа било од 2013 година“, по што го завршивме разговорот, заблагодаувајќи му се за одговорот.
Чудно е како да не се сеќава судијата дека бил пчелар и ја тужел државата за штета од мечките, ако е извесно дека тој, како судија во граѓанскиот оддел се јавува како судија кој во десетици предмети на битолското подрачје (кај што имаше 500 тужби за последните 5 години) одлучувал токму за предмети каде што се тужени мечките, односно државата. Или пак тоа не била единствена тужба од судијата каде што тужел па не беше сигурен за кој предмет го пррашуваме?!

За скандалот да биде поголем, тужбата и земените пари се во времето кога Никола Крстевски е избран и е судија во битолска апелација, па за предметот одлучувале неговите колеги. Тој стана познат по јавноста како дел од „бомбите“ за кој Гордана Јанкуловска во презентираните прислушувани разговори се интересира кај прилепскиот градоначалник Марјан Ристевски дали е „нивен“ и дали ќе застане зад нив кога ќе му речат да заврши работа.
Според нашето истражување, судијата Никола Крстевски бил избран за судија во битолскиот суд на 1 декември 2012 година, само еден месец пред стапување на новите законски услови за избор на судии.

Од разговорите, јасно се слуша како Гордана Јанкуловска му се јавува на прилепскиот градоначалник Марјан Ристевски и бара да и потврди дали судијата Никола Крстевски е „наш“ како што вели во разговорот и дали може ад сметаат на него кога ќе им затреба, за да го изберат за судија во Апелациониот суд во Битола.

Откако ќе добие одговор од Ристевски, дека го знае судијата, кој е по потекло од Крушево и дека бил претходно близок до друга политичка структура и вели дека може да биде избран, Јанкуловска објаснува дека не може да вети со сигурност, но ќе го има во предвид при изборот.

Фактите говорат дека Судскиот совет го избрал прилепоскиот судија на 1 декември 2012 на повисоката функција за која Јанкуловска зборува, па од таму, јасно е дека овој разговор во кој Јанкуловска се јавува е воден во периодот септември-ноември 2012 година.

Според биографијата, апелациониот судија Крстевски е роден 1963 година во Крушево. Основно и средно образование завршил во Крушево, а во 1986 година завршил Правен факултет во Битола. Правосудниот испит го положил на 1992 година . Од 1987 до 1995 година работел во „Липа“ Крушево .

Во периодот од 1995 до 1999 годинаработел како адвокат, а од 1999 до 2004 бил вработен во Центарот за социјална работа. Од 2004 до 2008 година работел како адвокат, а прв пат за судија во Основниот суд во Прилеп е избран на 27.08.2008 година. На 01.12.2011 година е избран за судија во Апелациониот суд Битола, и тоа на истекот на минималниот услов кој предвидува дека судија не можа да биде избран во повисок суд доколку нема најмалку три години судиско искуство во Основен суд.

Сепак, при изборот на Крстевски, но и на други судии, во конкуренција беа кандидати кои имаат и над 20 години судиско искуство, но тие не беа избрани, туку поминуваат судии без доволно искуство, од што се глед дека не биле важни квалитетот и резултатите, туку партиската блискост и гаранциите дека ќе и излезе на партијата или на партиските функционери секогаш кога ќе им затреба одлука по нивна мерка.

Извор: СВЕДОК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e