Битиќи: И во време на криза успеавме да спасиме 60 илјади работни места

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва е во студиото на „Клик Плус“ на ТВ21.

Битиќи вели дека конечно треба да признаеме дека сме во криза која трае две години, но за тоа време, како што вели тој, биле спасени преку 60.000 работни места.

„Две години повторуваме дека сме во криза. Прво здравствена поради глобалната пандемија, и сега најново со војната во Украина. Ние спасивме преку 60 илјади место, наспроти 19 илјади загубени работни места. Ќе беше многу тешко да се загубеа уште 60 илјади. Имаше негативни импликации насекаде. На крај на 2021 година почна енергетската криза. Бевме свесни дека почнува, не беше никој свесен во Европа до каде ќе оди таа криза. Сите проекции укажуваа дека во јуни 2022 година ситуацијата ќе се стабилизира и ќе паѓа цената, но претходно се случи војната што беше дополнителен удар врз економијата“, рече Битиќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e