Солидарноста претставува еден од главните столбови врз кои ја потпираме нашата визија за општество со еднакви можности за сите граѓани!
Во Гевгелија направивме увид и на новата социјална зграда која ќе им овозможи топол дом на повеќе социјално загрозени семејства од општината. Зградата има 52 станови, вклучувајќи 4 станови на приземје кои се наменети за лица со телесен инвалидитет.
Владата продолжува да се грижи за социјално ранливите категории на граѓани преку повеќе програми и проекти, вклучувајќи ја изградбата на над 850 социјални станови кои се веќе готови или во фаза на изградба, порача денеска Битиќи.
