Фатмир Битиќи од СДСМ, вели дека ПР-от на владата не одговара со реалноста, бидејќи се внесуваат селективни споредби.
„Garbage in, garbage out (GIGO) – кога во економската дебата се внесуваат селективни споредби, самопофалби и бројки без контекст, на излез добиваме лажна „четврта економија во Европа“. А во однос на она што граѓаните го чувствуваат, Македонија е 82-ра по квалитет на живот. Ова е разликата меѓу ПР приказната на Владата и реалноста во која живеат граѓаните.
Во таков контекст, расправата за 600 евра минимална плата не е прашање на „впечаток“, туку на достоинствено вреднување на трудот. Под таа граница, државата практично порачува дека е нормално човек да работи цел месец и сепак да остане сиромашен“, напиша тој.
