„Бројките покажуваат опоравување на економијата, ако се случи третиот бран со корона вирусот ние сме спремни и за нови мерки. Јавноста треба да знае дека ние сме една од ретките држави кои има донесено толку многу пакети со економски мерки затоа што следиме што се случува и со граѓаните и со стопанството. Ги анализиравме сите држави во регионот и пошироко, ние сме едни од ретките кои на секои три месеци носиме мерки, што ретко кој го прави. Сите велеа ако нема помош во септември дека ќе пропаднат компаниите, но тоа не се случи. Имаме раст од 2,5 отсто во декември што е јасен показател како владините мерки покажуваат резултати.“- изјави вицепремиерот на економија, Фатмир Битиќи, во емисијата 24 Анализа, на телевизија 24.
Тој додаде дека голем дел од мерките се фокусирани на заштита на работните места.
„Ние сакаме да го зачуваме секое работно место и затоа креираме мерки за тоа, нам ни се битни сите работници, до последен, но при тоа одговорноста за зачувување на работните места не е само до Владата, туку многу зависи и од работодавачите. Ние продолжуваме со мерките, нема да прекинеме, и нови и нови суми пари ќе ставиме на располагање се со една цел, да ја рестартираме економијата.“- изјави Битиќи.