Бислимовски: Да не правиме фама дека со акцизата ќе настане драматично пореметување на пазарот, имаме убедливо најевтини нафтени деривати

Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, во вечерашното гостување во “Топ тема” на Телма телевизија, запрашан за коментар во врска со зголемената акциза на нафтата за 3 денари, со коментар:

“Зголемените акцизи ќе траат до крајот на годината, односно како ќе расте цената на нафтата на светските берзи така ќе се намалува и акцизата. Доколку го достигне нивото од 8 јануари оваа година, во тој случај акцизата ќе биде иста како што била и претходно. Да не правиме фама дека со акцизата ќе настане драматично пореметување на нашиот пазар, дека ќе се зголемат екстремно трошоците на сите, или дека можеби ќе им инфлација” – изјави Бислимовски.

Во ондос на тоа за колку е намалена потрошувачката на нафтените деривати, Бислимовски со проценка:

“Ова е еден краток период и според нашите комуникации што ги имаме со компаниите коишто имаат малопродажба, бидејќи таа е најпогодена во овој момент, потрошувачката е намалена за приближно 40% и врз основа на оваа намалена потрошувачка од 40% се намалени и приходите во буџетот. Приходите според анализите што ги слушаме во споредба со истиот период минатата година се намалени за 10-15 милиони евра. Но, исто така има и дополнително намалување поради драстичното намалување на цените и на бензините и на дизелот како репер. На 30 декември сме имале цена на дизелот 63 денари, денес и со зголемена акциза е 46,5 денари. Тогаш сме имале и цена на бензинот-98 70,5 денари, а денеска имаме 54 денари. Имаме сериозно намалување на цените. Такви беа случувањата на светските берзи и ние со нашата методологија тоа го ефектураме во нашите цени.

Граѓаните да бидат сигурни дека нашата методологија е иста како методологиите што се применуаваат во сите земји каде што се регулира нафтата, а такви се мал број на земји како на пример Словенија. Во сите останати земји во регионот овој бизнис е либерализиран. Цената на нафтените деривати во нашата земја е убедливо најевина, конкретно некаде цената на дизелот е 0,75 евроценти споредено со Албанија каде изнесува 1,34 евроценти што е за 36 ден повисока цена, додека во Србија е 1,25 евроценти, а во Бугарија е околу 1 евро” – истакна Бислимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e